На вториот ден од Светското првенство во пливање во Фукуока немаше светски рекорди, а доминираа кинеските претставници кои освоија две злата и една бронза.
Злато за Кина освоија Хајанг Чин на 100 метри градно и Јуфеи Жанг на 100 метри пеперутка.
Чин доминираше во финалето на 100 метри градно и славеше со време од 57,69 секунди, со што стигна до второто место на вечната ранг-листа веднаш зад Британецот Адам Пити и ги остави конкурентите за повеќе од секунда зад себе.
Жанг стигна до титулата на 100 метри пеперутка со време од 56,12 секунди, 33 стотинки пред сребрената Канаѓанка Маргарет МекНил и 49 стотинки пред бронзената, Американката Тори Хуске.
Италијанецот Томас Цекон победи на 50 метри пеперутка со време од 22,68 секунди, додека во последната трка на денот, во женска конкуренција на 200 метри мешано, првото злато во Фукуока го освоија и претставничките на пливачката велесила САД. Златото го освои Кејт Даглас со време 2:07.17 минути.