АБА лигата по денешниот состанок на Собранието и официјално ги потврди екипите кои ќе учествуваат во новата сезона на АБА 2 лигата.
Согласно рангирањето во домашните првенства, потврдени се 13 учесници во АБА 2 лигата за сезоната 2023/24. Тоа се екипите се Борац, Широки, Подгорица, Сутјеска, Цедевита Јуниор, Шибенка, Пелистер, ТФТ Моцарт, МЗТ Скопје А., Шенчур, Хелиос Санс, Златибор и Спартак Суботица. Последниот учесник во АБА 2 лигата ќе биде одреден преку квалификации, во кои ќе учествуваат Спарс, Војводина, Илирија и Босна Меридијанбет.
Квалификациите ќе се играат во полуфинале и финале. Полуфиналните двојки се Војводина – Спарс и Илирија – Босна Меридијанбет. Натпреварите ќе се одиграат на 23 и 27 септември 2023 година. Датумите на финалните натпревари на квалификациите се 1 и 5 октомври 2023 година.
И оваа година АБА 2 лигата ќе се игра по турнирски систем, а организаторите на турнирите ќе бидат одредени подоцна. Првиот турнир во кој ќе има две кола ќе се одржи од 9 до 13 октомври. Во рамките на 1. коло нашиот шампион МЗТ Скопје А. ќе отвори со екипата на Цедевита Јуниор, додека ТФТ Моцарт ќе игра против Златибор. Третиот наш преставник Пелистер на стартот ќе се сретне со Шенчур.
Комплетиот распоред на на натпреварите на следниот ЛИНК