Македонскиот кошаркарски репрезентативец Адем Мекиќ останува во Задар, најмалку уште една година. Како што потврдија официјално од таборот на хрватскиот клуб, Мекќ потпишал нов едногодишен договор со важност до крајот на следната сезона.
„Среќен сум што останувам и што ќе ја продолжам соработката со тренерот Даниел Јусуп. Ги нема тие пари што можат да ја заменат радоста за освојување на титулата хрватски шампион во полн “Вишњик“. Иако бев во Задар само два и пол месеци се врзав за градот, луѓето и клубот“ изјави Мекиќ.