Грузиското крило во редовите на италијанскиот шампион Наполи, Квича Кварацхелија е пред продолжување на договорот со наполитанскиот клуб под подобрени услови, тврди инсајдерот Николо Шира.
Новиот договор на играчот со Наполи ќе важи до 2028 година. Платата на Грузиецот ќе се зголеми од 1,1 милион на 3 милиони евра годишно. Со тоа паѓаат во вода сите претходни најави дека Њукасл е сериозен во намерите да го купи популарниот Квича во своите редови.
Денеска од Неапол дојде и информација дека Пјотр Желински се согласил на нов договор, но за разлика од Кварацхелија, тој ќе мора да ја намали платата. 29-годишниот полски репрезентативец се согласил да потпише нов договор со шампионот во кој неговата плата ќе „падне“ од сегашните 4,5 милиони евра на нешто повеќе од 2,5 милиони евра по сезона.