Откако Мбапе одби да се сретне со преставниците на Ал Хилал, ПСЖ го искористи доаѓањето на богатите шеици од Блискиот Исток да им го понуди Марко Верати. Според француските медиуми, Италијанецот е блиску до преселба во Саудиска Арабија.
Ал Хилал е заинтересиран за трансферот на италијанскиот играч за врска, а и Верати нема ништо против да оди на Истокот. Преговорите меѓу саудискиот клуб и ПСЖ се во напредна фаза, вели Фабрицио Романо.
На играчот му бил понуден договор на 3 години.