Би-Би-Си мораше да се правда поради убавите зборови за Новак Ѓоковиќ

386

Поминаа две недели откако Новак Ѓоковиќ загуби во финалето на Вимблдон од Карлос Алкараз, но оваа тема се уште е многу актуелна во Велика Британија. Би-Би-Си им се извини на сите свои гледачи за начинот на кој новинарот Ендрју Касл го коментираше натпреварот, тој цело време беше на страната на Србинот.

Навивачите праќале мејлови  Би-Би-Си, а бурно реагирала и „стручната јавност“.

Британскиот таблоид „Дејли мејл“ толку отворено го нападна Ендрју Касл, по што јавниот сервис мораше да реагира и да преиспита се. Откриле дека има грешки и дека има основа да се извини, за да се оправда она што навистина се случило.

„Добивме бројни забелешки од луѓе кои истакнаа дека нашиот коментатор го фаворизирал Новак Ѓоковиќ и го оправдувал неговото однесување откако го искршил рекетот на мрежата“, се вели во соопштението на телевизијата, во кое се додава дека всушност тоа не била намерата на коментаторот Ендрју Касл, кој го осудил ваквото однесување: Впрочем, Ендрју Касл го истакна гневот и фрустрацијата на Новак како разбирливи во клучниот момент од натпреварот, притоа истакнувајќи дека таквото однесување е погрешно и дека Ѓоковиќ со право е казнет поради тоа. Исто така, нашиот коментатор рече дека таквото однесување е опасно, споредувајќи го со дисквалификација од УС Опен во 2020 година“.

Се додава дека коментаторот на Би-Би-Си за време на средбата ги „пофалил двајцата играчи“, па жалбата била што неколку пати на средбата било посочено дека се работи за „млад Шпанец“.

ПретходноУЕФА го прогласи Шкупи – Левски за меч од висок ризик, во Скопје доаѓаат 1.600 бугарски фанови!
СледноКостески добива друштво, Србин пред портите на Пелистер