Костески добива друштво, Србин пред портите на Пелистер

159

Македонскиот првак го нема затворено списокот за засилување пред стартот на новата сезона. Според „Спортски журнал“ Пелистер е во завршни преговори со Богдан Радивојевиќ.

Десното крило минатата сезона беше дел од Пик Сегед, и покрај понудата од Динамо Букурешт, одлучи да се договори со битолскиот тим и да биде дел од составот кој ќе настапува во Лигата на шампиони.

Радивојевиќ ќе ја дели минутажата со македонскиот репрезентативец Ненад Костески.

Пелистер претходно се засили со Цехте, Борзаш, Гедбан, Нилсен, Ѓорговски и Петровиќ.

Фото: Богдан Радивојевиќ Инстаграм

ПретходноБи-Би-Си мораше да се правда поради убавите зборови за Новак Ѓоковиќ
СледноСПОРТУВАЈ СО НАЈДОБРИТЕ: Бренд амбасадорот на ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, Перо Антиќ спортуваше со деца во Свети Николе