Сампдорија го објави наследникот на Раниери

191

Италијанскиот прволигаш Сампдорија го објави името на новиот тренер. Тоа е Роберто Д’Аверса кој потпиша договор до крајот на јуни 2023 година. Некогашниот стратег на Парма ќе го замени Клаудио Раниери кој заврши на 9. место со 52 бода во сезоната 2020/21.

Д’Аверса беше човекот кој ја предводеше Парма до промоција во Серија Б, а подоцна и до Серија А после банкротот на клубот и почнувајќи од најнизок ранг на натпреварување. Инаку тој како играч беше член на Сампдорија во сезоната 2000/01.

ПретходноСекељи: Со Кизиќ ќе бидеме одличен тандем
СледноШопоски трето ново име во ГФК Охрид