Од денеска и официјално Џордан Хендерсон, довчерашниот капитен на Ливерпул, е ново име во Ал – Етифак, клуб од С. Арабија, со тоа му стана соиграч на нашиот Дарко Велковски, а таму е тренер легендарниот Стивен Џерард, исто така некогашен капитен на “редси“.
Со овој потпис Хендерсон и официјано стана најплатениот англиски фудбалер во историјата. Имено искусниот играч за врска, годишно ќе биде платен со 36 милиони евра или четири пати повеќе од платата што ја земаше во Ливерпул.
Инаку попладнево од 17:30 часот, во Словенија тимот на Ал – Етифак ќе одигра пријателски натпревар со нашиот Работнички.