Ете, и тоа се случи. По цели 816 дена Барселона постигна гол од слободен удар, и тоа против Арсенал на пријателската во САД, во која загуби со 3:5. А стрелец беше Рафиња.
Интересно, ова е прв гол за Барса од слободен удар уште од времето кога Лео Меси играше за каталонскиот гигант. Последен пат тоа се случи на 2 мај 2021 година и тоа против Валенсија, и знаете кој беше стрелец? Секако, Лео Меси!
Интересно, тој имаше многу среќа по шутот, топката влезе во мрежата а Бразилецот речиси и да не се радуваше.
📽️ – Raphinha's goal vs Arsenal from a direct free-kick via a deflection.pic.twitter.com/7oT6FKSnrj
— Barça Buzz (@Barca_Buzz) July 27, 2023