Екипата на Левски ја заврши задачата во рамките од второто коло од квалификациите за Конференциската лига. Вечерва среде Скопје, на Арената Тодор Проески го совлада нашиот претставник Шкупи со незаслужени 0:2, само затоа што искористи две мали невниманија на домашната одбрана. И не направи ништо друго. За разлика од Левски, Шкупи направи се друго, барем во првиот дел, но не реализираше, што го чини нашиот претставник поволен резултат пред реваншот. А Левски дома си заминува со злато вредна победа, огромни шанси за пласман понатаму со само прецизен удар кон голот на Илјази.
Нашиот претставник имаше три ситуации во првиот дел од кои можеше да реализира но не искористи ниту една па казната стигна. Во петтата минута Дуду не искористи кардинална грешка на Андреев кој неспретно реагираше на една топка, која остана во нозете на Бразилецот, но тој тој шутираше преку гол иако истиот беше празен.
Следуваше ситуацијата од 29. минута кога Пинтер од корнер искористи одличен центаршут, скока највисоко напетерецот, упати удар со глава но Андреев овојпат одбрани супер.
Казната стигна преку Велтон
Противникот ги казни овие промашувања две минути подоцна, во 31. минута кога Велтон награди добра акција на неговиот тим и го совлада Илјази од десетина метри централно.
Сепак, најголемата шанса Шкупи ја имаше во самиот финиш на полувремето кога Цефас излезе сам пред Андреев го лобуваше, целата Арена ја виде топката веќе во голот но на самата го линија, а можеби и во голот спаси Кордоба. Штета.
Јалово во вториот дел, Левски знаеше што сака
За разлика од првиот дел, второто полувреме ни оддалеку не беше така возбудливо. Левски своето го стори пред полувреме, а потоа мудро чекаше грешка на домаќинот и евентуална контра.
Шкупи од друга страна со неколку измени проба да ја „оживее“ играта и пред се тимот, но тоа за жал не појде од рака. Иако имаше громогласна поддршка од трибините, сепак, Шкупи во второто полувреме не одигра на потребното ниво, на ниво на домаќин кој губи и кој мора да спасува негатива, напротив. Без директен удар кон голот на Андреев кој и немаше во овој дел од мечот.
Наспроти ова Левски во ниту еден момент ниту проба да наметне свое темпо, туку стрпливо се бранеше, и чекаше нешто поконкретно на противничката половина. Во петтата минута од судиското продолжение Роналдо искористи еден центаршут од корнер и ги постави конечните 0:2.
Левски замина дома со победа, а на Шкупи во реваншот во Софија ќе му биде ѓаволски тешко да направи нешто повеќе.
- квалификациско коло Конференциска лига
Шкупи – Левски 0:2 (0:1)
Арена Тодор Проески
Гледачи:5000
Главен судија: .Д.Фуксман (Израел)
Стрелци: Велтон 31, Роналдо 90+ (Л)
Ж.картони: Куевен, Рамани, Пинтер (Ш) Ван Дер Кап, Димитров, Петрис(Л)
Шкупи: Илјази, Тошевски, Илиески (Воша82), Пинтер, Тимовски (Рамани 55’), Куевен Адем 82), Дуду (Сахити 65), Диене, Ричков, Цефас, Хамиди (Трапановски 55)
Левски: Андреев, Цунами, Кордоба, Димитров, Петрис, Ел Џемили (Фадига 79), Ван Дер Кап, Краев, Митко(Чандаров 56), Велтон (Велтон 80), Рикардињо (Роналдо 56)
📹 Shkupi 0-1 Levski Sofia
⚽️ Weltonpic.twitter.com/xOLwMHUlrX
— FootColic ⚽️ (@FootColic) July 27, 2023