Костов: Теренот беше очаен, а Левски заслужи да победи

524

Левски вечерва на Арената Тодор Проески во рамките од второто коло квалификации за Конференциската лига го совлада нашиот претставник Шкупи со 0:2, со што во голема мера си го осигура пласманот понатаму.

Бугарскиот состав дојде во Скопје по поволен резултат и тоа и го оствари. Тренерот на Левски, Николај Костов на пес конференцијата по мечот, рече дека Левски заслужил да победи на терен кој реално не бил за игра.

„На ваков очаен терен ова што го одигравме е одлично. Забележавме голема победа, која не прави фаворит за пласманот понатаму. Реално на ваков терен и не можевме нешто да одиграме освен тие долги топки, и таа тактика која ја практикувавме вечерва. Имаше провокации на теренот, што не би требало да се случува, сепак, ова е спорт. Жал ми е за тоа што се случувало во текот на денешниот ден со нашите навивачи, тоа не смее да се случува исто така“ – рече Костов.

 

ПретходноНорис се извини што го скрши трофејот на Верстапен вреден 40.000 евра
СледноАрслан: Резултатот од овој меч не е реален