Досегашниот напаѓач на тимот на Академија Пандев, и младински репрезентативец на Македонија, Марио Крстовски својата кариера ќе ја продолжи во екипата на Зрински од БИХ.
Тој заминува од А.Пандев како слободен фудбалер и можеше да бира каде да ја продолжи кариерата. Имаше опции за Србија односно Романија, но се реши да го одбере Зрински.
Ова за Крстовски ќе биде прво интернационално искуство, а претходно настапуваше и за екипите на Хоризонт Турново односно Работнички.