Бугарската амбасада во Скопје потврди: Сите навивачи на Левски се на слобода со казна од 18.000 денари

670

Бугарските медиуми информираат, а се повикуваат на изјава од амбадата на Репубика Бугарија во Скопје, дека сите навивачи на Левски кои беа приведени вчера, пред, за време и по натпреварот со Шкупи се пуштени на слобода. Казнети се со по 18.000 денари за нарушување на јавниот ред и мир и недолично однесување на спортски настан.

Ова е епилогот од немилите настани кои се случија вчера, а во кој учевствуваа навивачите на Фудбалскиот клуб Левски, пристигнати во Скопје по повод натпреварот од второто коло од квалификациите за Конференциската лига против нашиот претставник Шкупи. Пријавени беа бројни инциденти пред натпреварот, што со граѓани на Република Македонија, што со полицијата, по што беа приведени дваесетина бугарски државјани.

Од амбасадата на Бугарија во Скопје потврдиле дека сега се е во ред иако државјаните на источниот сосед ќе мора да ја подмират казната пред да си заминат дома.

 

ПретходноИталија и Турција официјално поднесоа заедничка кандидатура за ЕП 2032
СледноАрсенал ја откри статуата на Арсен Венгер пред „Емирати“ стадионот