Распад систем: Неодамна го продолжи договорот со ПСЖ, а сега веќе сака да оди во Ал-Наср

325

Сите ја знаат сагата за Мбапе, но сега започна нова од искусниот Маркињос. Иако потпиша нов договор до 2028 година, Маркињос им порачал на челниците дека сака да си оди.

Новинарот Руди Галети објави дека Маркињос дал зелено светло за преговори со Ал Наср.

„Маркињос даде зелено светло за почеток на преговори со Ал Наср. Официјалната понуда е пристигна на адресата на играчот, но и на ПСЖ“, напиша Галети на својот Твитер профил.

Да потсетиме, овој фудбалер неодамна го продолжи договорот со ПСЖ до 2028 година. Во клубот пристигнав на 19 години.

Мора да се признае дека се што се случува во ПСЖ во последно време е малку чудно.

ПретходноПетков и Миловановиќ ќе го подмладат ростерот на МЗТ Скопје
СледноДалас побарал од Дончиќ да ослабе: Џејсон Кид дојде да го „провери“ (ФОТО)