Арда Гулер има повреда на коленото, вратен е во Мадрид од турнејата во САД

111

Дебито на новото засилување на Реал Мадрид, Арда Ѓулер е одложено на неодредено време. Причината за тоа е што на талентираниот Турчин му е констатирана повреда на медијалниот менискус на десното колено, поради што веднаш ќе се врати во Мадрид на лекување.

Арда е вториот играч на Реал Мадрид кој се повреди за време на подготовките летово. Дани Себаљос се повреди пред турнејата во САД и ќе паузира околу месец и половина.

Гулер не играше на контролите со Милан и Манчестер Јунајтед бидејќи чувствуваше болки во десната нога. Тој не тренираше ниту со тимот во последните неколку дена, а по тестовите стана јасно што е причината за болките. Се уште не е јасно дали има делумно или целосно кинење на менискусот и дали турчинот ќе има потреба од операција.

ПретходноТиквеш е овогодинешен победник на Вуко Каров
СледноАталанта го најави засилувањето од Алмериа