Чоло Симеоне знае како против Пеп: Атлетико Мадрид го победи Сити! (ВИДЕО)

201

Во пријателски натпревар денеска во Сеул, Атлетико Мадрид со 2:1 успеа да го победи Манчестер Сити, европскиот првак. Стрелци на головите беа Депај во 67.минута и Караско седум минути подоцна. Голот за Сити беше дело на Диас во 85.минута. И двајцата стратези Диего Симеоне и Пеп Гвардиола им дадоа шанса на повеќе свои фудбалери на оваа “контролка“ кога се одигра во Сеул на радост на фановите на фудбалот во Ј. Кореја со оглед на тоа дека имаа можност во живо да проследат дуел меѓу две екстра квалитетни екипи.

 

ПретходноЕдна од најголемите ѕвезди на Баерн отворено зборуваше за Мане
СледноСтојчевски ќе им суди на Пјуник и Калмар во Лигата на Конференции!