Експедицијата на Струга ТЛ попладнево отпатува во Подгорица каде во вторник ќе му гостува на Будуќност. Ова е реванш средба од 2.квалификациско коло во Лигата на Конференции.
Се разбира дека мислите се победнички, Струга ТЛ на првиот меч во Охрид успеа да триумфира со 1:0, а сега се сака да се стави печат на пласманот во 3.квалификациско коло во ова натпреварување.
Се очекува стружани во Подгорица да стигнат во вечерните часови. Утре во 21 часот ги чека одработување на тренингот на стадионот во Подгорица каде во вторник се игра мечот, а нешто пред тренинго е закажан е и пресот на стратегот Шпетим Дуро.