И официјално, Мауро Икарди е нов член на Галатасарај, на еден од најголемите ако не и најголем клуб во Турција. Аргентинецот и минатата сезона играше за Галата, но како посајмен играч на ПСЖ, но сега неговиот договор за 10 милиони евра е откупен и тој потпиша нов, тригодишен, со гигантот од Босфорот.
Како што јавуваат медиумите во Турција, Икарди ќе биде платен по 6 милиони евра по сезона како член на Галатасарај. Инаку денеска турскиот клуб се пофали со Икарди со официјална промоција.