Иако пред само два дена Чави Хернандез изјави дека Осман Дембеле е среќен во Барселона и засега нема најави за негово заминување, сепак баш после дуелот со Реал Мадрид се случи она што веќе беше најавено.
ПСЖ ја активираше откупната клаузула на францускиот фудбалер која до крајот на овој ден изнесува 50 милиони евра, додека од следниот месец таа е 100 милиони евра, тврди специјалистот за трансфери, Фабрицио Романо.
Ousmane Dembélé story only depends on the player, very clear. 🔵🔴🇫🇷
PSG pushing to activate €50m release clause after OL rejected €30m bid for Bradley Barcola…
…and it’s up to Ousmane. Join PSG this summer or extend with Barcelona. https://t.co/yQadGWZK42
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) July 30, 2023
На Дембеле му остана уште година дена од договорот со Барселона, па за Каталонците ќе биде подобро да го продадат сега во случај да не сака да ја продолжи соработката.
Ако францускиот фудбалер отиде во редовите на ПСЖ за 50 милиони евра, половина од парите ќе бидат за Барса, додека половина за неговиот менаџер.
Со овој потег францускиот првак испрати порака дека повеќе не смета на Килијан Мбапе.