Кога во текот на вчерашниот ден во спортската јавност одекна информацијата дека Килиан Мбапе можно е да заврши на позајмица во тимот на Ливерпул, на „Енфилд“ тоа предизвикало смеа. Барем така вели менаџерот на „Редси“ Јирген Клоп, за кого ова е навистина невозможно.
„Се насмеавме на тоа. Мислам дека е многу добар играч, но финансиските услови воопшто не ни одговараат. Не сакам да ја расипувам приказната, но колку што знам, ова нема врска со вистината. Освен ако некој од клубот не сака да ме изненади и да подготви нешто. Сепак, ова не се случи во осумте години откако сум овде. Тоа би било прв пат“, изјави Клоп за Скај Германија.