Челзи ќе има нов дефанзивец – го купува за 45 мил.евра од Монако

93

Дефанзивецот на Монако, Аксел Дисаси ќе премине во Челзи пишуваат англиските и француските медиуми. „Сините“ од Лондон се договориле со Монако за обесштетување од 45 милиони евра, а 25-годишниот репрезентативец на Франција ќе дојде во Англија во текот на денешниот ден и ќе потпише петгодишен договор.
Двата клуба веќе постигнале договор, па се очекува уште финално комплетирање на трансферот.
Дисаси кој има потекло од Конго, за Монако играше од 2020 до 2023 година, а претходно беше во Ремс и во ФК Париз.
За Франција има четири натпревари.

ПретходноПромоција: Азер Омерагиќ во дресот на Вардар! (ФОТО)
СледноМомент за историја за Струга ТЛ: Да се помине Будуќност за што подолго европско лето!