Хаос на трибините на дуелот меѓу Будуќност и Струга, причината е дрес!

600

Струга Трим Лум со голем плен се враќа од гостувањето кај Будуќност во рамките на реванш натпреварот од второто квалификациско коло во Конференциската лига. Македонскиот првак славеше со 4-3 на оваа средба и обезбеди пласман во следното рунда.

Во меѓувреме од Подгорица доаѓа информација за инцидент на трибините и тоа пред крајот на провото полувреме. Причината е дрес на Црвена Звезда со натпис Савичевиќ со број десет. Личноста која го носела истиот била нападната од десетина навивачи, а полицијата употребила сила за да ја смири толпата и безбедно да ги евакуира „натрапникот“ и неговиот сопатник.

ПретходноШпетим Дуро: Ова е историска победа на Струга ТЛ!
СледноВреме е за вистинското: Кадетите против Норвешка на стартот на мундијалската авантура!