Лацио потврди, Сари останува тренер и следната сезона

66

Тренерот на Лацио, Маурицио Сари, ќе продолжи да го води римскиот тим и во новата сезона, објавија италијанските медиуми. Клубот објави соопштение во кое ги демантираше извештаите за несогласувања меѓу тренерот и претседателот Клаудио Лотито и тврди дека сите водечки фактори во клубот работат целосно синхронизирано на изборот. 

„Претседателот Клаудио Лотито и тренерот Маурицио Сари потврдуваат дека работат синхронизирано на трансфер политиката и се обединети во нивната намера да го направат тимот уште поконкурентен за оваа претстојна сезона“, соопштија од клубот. Сари е во Лацио од летото 2021 година и има договор со клубот до 2025 година. Минатата сезона, римскиот тим заврши на второто место во поредокот во Серија А. 

 

ПретходноЧелзи се пофали со четвртото засилување летово
СледноРистовски и Динамо по потврда кај Астана