Ракометниот клуб Алкалоид ја зврши првата фаза од подготовките летово, а втората ќе ја одработи во Маврово.
Екипата е веќе во нашиот познат туристички центар кој нуди одлични услови за подготовки на спортките екипите во летниот дел од сезоната.
Ќе се стави акцент на физичката подготвеност, ракометарите ќе тренираат во планинскиот центар, а потоа ќе започнат и со играње контролни натпревари. Предвидено е тимот да настапи на турнирот во Струга (16-20 август), а потоа ќе оди на завршни подготовки во Хрватска, каде што ќе одигра серија контролни натпревари.