Готово е: Гвардиол во Сити за 90 милиони евра, Динамо добива најмалку 10,7 милиони!

203

Така тоа го прават големите клубови, тие што знаат да работат фудбал, како Динамо Загреб на пример. Имено Јошко Гвардиол и дефинитивно ќе биде нов играч на Манчестер Сити, а за тоа европскиот првак на Лајпциг ќе му плати 90 милиони евра и некои бонуси, со ова хрватот станува најскап дефанзивец во историјата.

Интересно е тоа што Динамо Загреб за овој трансер добива најмалку 10.7 милиони евра, ако се знае дека има процент од продажбата.

Инаку сега се очекува Гвардиол да ги мине лекарските прегледи и да биде официјално промовиран во тимот на Пеп Гвардиола.

ПретходноРаспадори во Наполи до 2028 година
СледноФеникс 2010 го промовираше Шакур Даниел!