Иако е мега – ѕвезда, иако е најдобриот фудбалер во историјата, сепак Лео Меси е само човек. И тој знае да се изнервирам, да се разгневи па и за малку да предизвика тепачка.
Имено како што се гледа од видеото, Лео по мечот со Орландо и тоа како имаше што да му каже на Цезар Араухо, уште повеќе пријде кон него и имаше што да му каже во тунелот на патот кон соблекулните.
За среќа околу него и играчот на Орландо имаше повеќе лица па спречија инцидент или тепачка.
Инаку за време на натпреварот Араухо и Меси имаа неколку дуели па затоа ѕвездата на Интер Мајами веројатно беше изнервирана па мораше на ваков начин да реагира.
Messi getting into it with Araújo while walking into the tunnel 👀 pic.twitter.com/KL73iaOEcS
— Whistle FC (@WhistleFC) August 3, 2023