Андора прв пат ќе има тим во 3.коло на ЛК – Санта Колома приреди сензација

183

Екипата на Санта Колома го направи најголемиот пресврт во историјата на андорскиот клупски фудбал откако ја совлада Сутјеска од Никшиќ и се пласираше во 3. квалификациско коло на Лигата на конференции.
Санта Колома загуби со 2:0 на првиот дуел во Црна Гора, а денеска на реваншот победи со 3:0 и отиде понатаму.
Андорците поведоа со голот на Мурело во првото полувреме, во второто на 2:0 зголеми Марк Нерга. Во продолженијата погоди Гаридо за место на Андорците во 3.коло каде за противник ќе го имаат АЗ Алкмар.

ПретходноВоска се пофали и со Јован Николиќ
Следно„Илинден за Бугарите е Велигден“ – навивачите на Левски со пароли на дуелот со Шкупи