Централниот бек Кевин Дансо одлучи да остане во францускиот вицепрвак Ленс наместо да ја продолжи кариерата во Италија, во редовите на италијанскиот првак Наполи. Ленс на својата веб-страница се пофали дека постигнале договор со 24-годишниот Австриец до летото 2027 година.
Во текот на летото Наполи беше заинтересиран за овој играч кој требаше да го замени Ким Мин-Јае, но на крајот не излезе ништо. Желбата на играчот е да остане во Ленс каде што добро му оди, а во новата сезона со овој тим ќе игра во Лигата на шампионите.
А Ленс со видео се пошегува со Наполи.
Поранешниот фудбалер на Саутемптон беше прогласен за најдобар фудбалер во Лига 1 минатата сезона.
Quand on a déjà trouvé chaussure à son pied… 👢 pic.twitter.com/0UcyOpWCzH
— Racing Club de Lens (@RCLens) August 3, 2023