Втор меч и втор пораз на нашата женска кадетска селекција на ЕП во Црна Гора, за ракометарки до 17 години, во групата-Д. Македонија – Унгарија 46:17 (23:6) е епилогот на овој натпревар вокој протвникот и тоа како во целост доминираше.
Уште по првиот дел мечот беше решен, период во кој нашите млади ракометарки успеаја да постигнат само 6 погодоци.
Во продолжение од средбата, Македонија колку и да се обидуваше нешто да направи едноставно беше немоќна. Во овој момент евидентно беше дека оваа селекција на Унгарија е пресилна.
Во нашиот таборт најефикасна беше Миленкоска со пет погодоци, додека Трпеска стрелаше четири пати.
Во недела Македонија ја очекува меч со Франција. Меч кој ќе биде само формалност за нашите кадетки.