Гедбан: Во Битола сум како дома!

131

Калифа Гедбан е едно од најголемите засилувања во таборот на Е. Пелистер во овој летен преоден рок во пресрет на стартот во новата сезона. Сезона во која Е. Пелистер ќе настапува и во Лигата на Шампионите.
Алжирскиот голман е екс член на Вардар, за тоа како се адаптира во новата средина и што мисли за Е. Пелистер и Битола, тој истакнува:

Многу сум среќен што се вратив во Македонија, овојпат во друг клуб – во Еурофарм Пелистер. Навистина сум среќен. Мислам дека имаме добар тим, мора да се бориме за домашната титула, а ќе играме и во Лигата на шампионите. Нема да биде лесна сезона, но мора да се бориме за секој натпревар. Го посетив градот 3-4 пати претходно, а сега ќе живеам тука. Ми се допаѓа градот, луѓето исто така и не се чувствувам како странец, туку како да сум дома. Лигата на шампионите е најважното натпреварување во светот на ракометот. За Еурофарм Пелистер многу е важно што ќе учестува оваа сезона. Ќе биде интересен и голем предизвик за сите нас“,

ПретходноНов гол на Митровски за Вараждин! (ВИДЕО)
СледноПеп за Јошко: Гвардиол? Преубаво презиме!