И дефинитивно Ц. Звезда не се шегува. Откако го донесе Барак Бахар за нов тренер, откако донесе и неколку квалитетни засилувања, сега го посакува и Лука Јовиќ. Репрезентативецот на Србија и напаѓач на Фиорентина добил повик од страна на раководството на српскиот шампион, кој оваа сезона ќе игра во групната фаза во ЛШ, да се врати на “Маракана“ и повторно да го облече “црвено – белиот “ дрес.
Ова први го јавија медиумите во Италија, се напоменува дека тој не е задоволен од статусот во тимот од Фиренца и дека овој трансфер е можен.
Да потсетиме дека Јовиќ покрај тоа што го носеше дресот на Ц. Звезда играше и за Анјтрахт Франкфурт и Реал Мадрид.
Секако дека ова би било екстра засилување на тимот од Белград во Лигата на Шампионите.