Искусниот македонски интернационалец, Кире Ристевски и официјално се врати на Кипар. Потпиша договор со тимот на Етникос Ахна, и во следниот период ќе настапува за овој тим.
По авантурата во ерменски Пјуник, Ристевски се враќа на добро позната локација, на Кипар, каде што веќе настапуваше за екипите на Аел Лимасол.
Левоногиот стопер има 32. години во моментов и речиси шеесетина настапи за репрезентацијата на Македонија.