Екипата на Работнички на најдобар можен начин ја стартуваше новата ПМФЛ сезона откако предмалку на домашен терен на стадионот Борис Трајковски успеа да слави над локалниот ривал тимот на Шкупи со 3:1.
Фаворитската улога Шкупи ја испушти уште во првата минута откако Мазари искористи едно невнимание на одбрната на Чаирчани и рутински со глава реализираше за 1:0.
Следуваше тотална доминација на Шкупи во текот на целото прво полувреме со неколку полушанси кои не беа искористени.
На израмнување се чекаше до 62. минута кога Илиески на втората статива од еден корнер убаво пласираше со нога за 1:1.
Тогаш Работнички како да се подразбуди, заигра поофанзивно, а резултатот од тоа дојде во 82. минута кога беше оправдано досуден пенал за домашните, а сигурен реализатор беше Мевљан Мурати.
Конечните 3:1 ги постави резервистот Георг Стојановски во последните секунди од мечот.