Кадетите поразени од Литванија со 43 поени разлика

138

Кадетската репрезентација на Македонија претрпе уште еден убедлив пораз на Европското првенство за кошаркари до 16 години што се одржува во Скопје, овојпат од селекцијата на Литванија со убедливи 52-95. Вчера нашите надежи беа демолирани од Франција, па сега и од Литванија, а го освоија третото место во групата поради победата од Белгија во првото коло.
Јанишиќ со 15 поени беше најефикасен во македонскиот состав, а Најков постигна девет. Нашиот тим задрутре во нокаут фазата ќе се сретне со Слованија, која го освои второто место во групата А.

ПретходноМурињо: Одбив две понуди од клубови од Саудиска Арабија
СледноГолманот Зомер стави потпис на договор со Интер