Супер деби на младиот Георг Стојановски (19) за Работнички. Му беа потребани само 20-тина минути да покаже дека има нешто фудбалско во него, и тоа како. Прво над него беше направен пенал за 2:1 за Работнички на дербито против Шкупи, а потоа и со прекрасен гол стави точка на мечот и триумфот на неговиот тим со 3:1.
Секако дека апсолутно заслужено Георг Стојановски е играчот на ова 1.коло во ПМФЛ. Работнички во него има одличен потенцијал.
Во тимот на колото од Работнички тука е и Атдхе Мазари кој уште во 30 секунда ја затресе мрежата на Шкупи.
Во тимот на колото се и Гачевски (Вардар) на голот, потоа Ристевски и Јанкулов, стрелецот на фантастичниот гол за победа на Брера Струмица над Вардар, Адили со својата супер асистенција за победа на Шкендија над Воска, потоа Радиќ и Радески од Струга ТЛ. Во тимот на колото се и Д. Димитриевски и Андерсон од Брегалница, како и Ивановски од Тиквеш.
ИГРАЧ НА КОЛОТО
ГЕОРГ СТОЈАНОВСКИ
Тим: Работнички
Роден: 12.01.2004
Кариера: Вардар, Тетекс, Хата (ОАЕ), Работнички















