Англискиот премиерлигаш Вулверхемптон е принуден да бара нов менаџер и тоа на два дена пред стартот на Премиер лигата. Раководството на клубот и шпанскиот стратег Јулен Лопетеги се разделија, а клубот информира дека причина е „разликата во мислењата на двете страни“.
Лопетеги дојде во Вулверхемптон пред девет месеци и успеа да ја исполни целта за која беше доведен, а тоа беше да го спаси тимот од испаѓање. Сепак, Шпанецот е сменет од функцијата поради проблематичното трансфер лето.
Новата сезона во Премиер лигата започнува во петок со Барнли – Манчестер Сити, додека Вулверхемптон во понеделник ќе биде домаќин на Манчестер Јунајтед.
Во Англија пишуваат дека негов наследник ќе биде Гери О’Нил, тренерот кој минатата сезона го предводеше Борнмут.