ЛШ: Класквик од Ф.Острови прави чуда – го победи и Молде, а Галата убедлив во Љубљана (видео)

408

Галатасарај е блиску до плеј-офот на Лигата на шампионите откако вечерва славеше против Олимпија во Љубљана со 3:0. Турскиот гигант на полувреме водеше со голот на Актуркоглу од 9 минута, а во 48 минута Дрис Мертенс зголеми на 2:0 што беше и конечен резултат. Во 91 минута Дервишоглу постигна гол за 0:3.
Така на реваншот во Турција, Галата ќе треба да ја одбрани предноста.

Сензацијата од Фарските Острови Класквик со 2:1 го совлада и Молде од Норвешка. Гостите водеа со голот на Екрем на стартот на второто полувреме, а домашните изедначија со интересен погодок на Фредериксберг. Истиот играч погоди и во 86 минута за конечни 2:1.

А српскиот вицепрвак Бачка Топола доживеа пораз на гостувањето кај Брага. Мартин Мирчевски не беше во составот на српскиот тим кој прими два гола во период од две минути во првото полувреме. Брума и Пици стрелаа во 17 односно 19-тата минута. Во 88 минута Џало ги постави конечните 3:0 за Португалците.

РЕЗУЛТАТИ
3.КВАЛИФИКАЦИСКО КОЛО (ПРВИ НАТПРЕВАРИ)
БРАГА – БАЧКА ТОПОЛА 3:0
ОЛИМПИЈА – ГАЛАТАСАРАЈ 0:3
КЛАСКВИК – МОЛДЕ 2:1
ПСВ – ШТУРМ 4:1
КОПЕНХАГЕН – СПАРТА ПРАГА 0:0
РАКОВ – АРИС ЛИМАСОЛ 2:1
АЕК – ДИНАМО ЗАГРЕБ одложен
ВО СРЕДА ИГРААТ
ПАНАТИНАИКОС – МАРСЕЈ 20:00 ч.
СЛОВАН – МАКАБИ ХАИФА 20:30 ч.
РЕНЏЕРС – СЕРВЕТ 20:45 ч.

ПретходноВашингтон во Челзи за 15 милиони евра!
СледноЛопетеги го напушти Вулверхемптон пред стартот на Премиер лигата