Вашингтон во Челзи за 15 милиони евра!

165

Челзи успеа да го ангажира 18-годишниот бразилски напаѓач Дејвид Вашингтон. „Сините“ се договориле со Сантос околу трансферот на овој млад играч за фиксна сума од 15 милиони евра како и плус 5 милиони евра во форма на бонуси.
Според специјалистот за трансфери Фабрицио Романо, фудбалерот ќе потпише долгорочен договор и дека тој во текот на оваа недела ќе пристигне во Лондон. Останува само нејасно дали тој ќе се приклучи на Челзи уште оваа сезона или прво ќе биде испратен на позајмица во Стразбур па потоа ќе дојде на „Стемфорд Бриџ“.

ПретходноШкендија без Рамадани 4-6 недели
СледноЛШ: Класквик од Ф.Острови прави чуда – го победи и Молде, а Галата убедлив во Љубљана (видео)