Тимот на Атлетико Мадрид денеска го промовираше свето прво ново име во летниот преоден рок.
Се работи, за Европски услови, малку познатиот Бразилец кој досега настапуваше за тимот на Флуминенсе Маркос Пауло.
Неговиот договор со овој клуб истече и тој се сели во Мадрид без обештетување. Потпиша договор со 2026 година, а изминатиот шампионат го заврши со 26 мечеви, три постигнати гола и три асистенции.
Интересно за овој играч е фактот што има двојно државјанство, Бразилско и Португалско, па за Португалија има настапувано во младинските категории.