Георг Стојановски-играчот на колото: Поубаво деби за Работнички не можев да посакам!

144

Работнички на стартот од новата сезона успеа да го победи Шкупи со 3:1. Прв меч и први три бода за тимот од Градски парк кој покажа дека оваа сезона и тоа како ќе има амбиции да се бори за највисок пласман.

Херој на Работнички на ова дерби беше младиот Георг Стојановски (19), кој изнуди пенал, а потоа го постигна и голот за 3:1.

Ова за него беше прв официјален меч за Работнички, и затоа беше прогласен, па и од нашата редакција за играч на 1.коло:

Поубаво деби во дресот на Работнички не можев ниту да посакам. Среќен сум прво поради победата на својот тим, а потоа и за тоа дека и јас придонесов за овој триумф. Се разбирам, сакам да му се заблагодарам на шефот Милан Илиевски за укажаната доверба. Во Работнички дојдов ова лето, одлично сум прифатен, се чувствувам како дома, видов дека ние тука функционираме како едно семејство. Се надевам дека ќе продолжиме со успеси“ изјави Стојановски за клупскиот сајт.

ПретходноПоради повреда: Македонија без Димитријевиќ во Талин!
СледноУ-18: Македонија одигра 1:1 со Унгарија!