Поради повреда: Македонија без Димитријевиќ во Талин!

346

Лоши вести од таборот на нашата репрезентација која се подготвува за настап на предолимпискиот турнир во Талин. Имено селекторот Александар Јончевски не може да смета на најдобриот наш кошаркар, на Ненад Димитријевиќ. Тој по двата меча со Полска во Белград, се пожалил на повреда, на болки во тетивата.

Повредата не е толку сериозна, но сепак мора да мирува па така во последен момент Нено отпадна од списокот на играчи кои ќе патуваат во Талин.

Инаку нашата експедиција утре ќе патува за Талин (Естонија).

ПретходноРоналдо “стрелаше“ од пенал и го однесе Ал Наср во финалето на Арапскиот Куп! (ВИДЕО)
СледноГеорг Стојановски-играчот на колото: Поубаво деби за Работнички не можев да посакам!