Лука Костиќ е ново засилување за Рибница Краљево

396

Уште еден македонски одбојкарски репрезентативец следната сезона ќе настапува во првенството на Србија. Откако пред неколку дена го потврдивме трансферот на нашиот среден блокер Филип Савовски во српскиот вицепрвак Војводина, од денеска трансфер во српското првенство направи и нашиот репрезенатативен примач на сервис, Лука Костиќ.

Младиот Костиќ, кој минатата сезона ја помина во велешки Борец, новата ќе ја започне како одбојкар на Рибница Краљево. Тимот на Рибница минатата сезона во српската елита ја заврши на четвртото место, но во плеј-офот беше поразен уште во првата нокаут-серија.

Клубот исто така го потврди трансферот најавувајќи дека со доаѓањето на Костиќ ќе добие одлично засилување на надворешната позиција.

За Костиќ ова ќе биде ново меѓународно искуство, откако претходно настапуваше и за екипите на Будуќност од Подгорица и за Марек од Бугарија. Тој кариерата ја започна во скопски Вардар, а играше и за шампионот Струмица. Костиќ со години е дел од сите возрасни категории на нашата репрезентација, а со кадетскиот национален тим за првпат освои бронзен медал за една наша селекција. На кадетскиот балкански шампионат во Косово беше прогласен и за најдобар примач на првенство.

ПретходноХамиди од Шкупи замина во Балкани
СледноКонечно: Хари Кејн е “баварец“ и тоа за повеќе од 100 милиони евра!