Струга TЛ ја спасува Македонија

1129

По победата над Есперанж, екипата на Струга ТЛ се чини дека го спаси македонскиот клупски фудбал за сезоната 2025/26 во Европа. Како што стојат сега работите стружани го вратија тоа едно место плус што го загубивме за сезоната 2024/25. По лошите настапи и оваа сезона во Европа на дргуите екипи, само Струга остана да ја брани честа на македонскиот фудбал, а оваа победа над Есперанж, а поразот на Санта Колома од Андора од АЗ Алкмар, ја искачи Македонија на 50. место кое е границата.
Тоа значи дека Македонија идната сезона ќе има три екипи во европските купови – едно во ЛШ, а две во ЛК, а по успехот на Струга ТЛ ова лето, за следната 2025/26 Македонија најверојатно ќе има повторно четири екипи,едно во квалификациите во ЛШ и три во ЛК.

Струга има шанса да го поправи бодовното салдо на вкупниот ранкинг затоа што ќе игра реванш со Есперанж, а ако помине и плеј оф, може и групна фаза…

ПретходноФОТО НА ДЕНОТ: Европско селфи на стружани
СледноЗрински ќе биде првиот клуб од БиХ кој ќе игра во групна фаза во Европа!