Бенфика ангажираше двајца фудбалери во еден ден

334

Португалскиот шампион и освојувачот на португалскиот Суперкуп за новата сезона, Бенфика ангажираше двајца нови фудбалери во еден ден. Првиот е 22-годишниот украински голман Анатолиј Трубин кој дојде од Шахтјор Доњецк. Овој голман беше желба и на Интер, а на крајот Португалците победија во трката.
Трубин потпиша договор до 2028 година во кој има откупна клаузула од 100 милиони евра.
А Артуро Кабрал е нов напаѓач во редовите на Бенфика кој ќе го замени Гонсало Рамош кој замина во ПСЖ ова лето. Бразилецот играше за Базел, а потоа отиде во Фиорентина и сега за 20 милиони евра, плус пет милиони во бонуси се сели во Бенфика.

ПретходноФИБА нѐ става на петтото место пред стартот на претквалификациите
СледноФиорентина купи двајца напаѓачи