Вака брани Македонецот во Ла Лига: Столе фаќа зицер! (ВИДЕО)

1281

Столе Димитриевски имаше одличен настап синоќа на премиерниот меч во новата сезона во Ла Лига. Неговиот тим победи со 0:2 на гостувањето кај Алмериа, што значи Македонецот во дресот на Рајо Валјекано уште на стартот остана со “чиста мрежа“.

Посебно импресивна беше неговата одбрана кога во еден момент во првото полувремеАкиеме направи дар – мар во гостинската одбрана, ја додаде таа топка до Суарез кој излезе очи во очи со Столе, но Македонецот фантастично одбрани.

Чист зицер. Вреди да се погледне…

ПретходноСагата заврши: Дембеле конечно е член на ПСЖ!
СледноПроблем за Пеп: Де Брујне повторно се повреди, ќе паузира подолго време!