Денеска стартува новата сезона во ВМФЛ: Пелистер, Беса, Скопје, Детонит.. во атак на елитата!

424

Со мечевите од 1.коло денеска стартува и новата сезона во ВМФЛ. Иако нема да биде супер – интересно како во минатите две сезони кога и Вардар беше во второлигашкото друштво, сепак нема да биде и неинтересно, ако се знае дека тука се Пелистер, Победа, Скопје, па потоа Беса која има одличен тим дури и за Прва лига.May be an image of 9 people, people playing football, people playing soccer and text

Секако дека Пелистер со неколкуте засилиување, со Влатко Костов како тренер, со својата големина како клуб заедно со веќе споменатат Беса се први фаворити за тие две први места кои водат директно во елитата. Не смееме да го заборавиме ниту Скопје кој во јуни во баражот загуби од Вардар и со тоа с е најде во ВМФЛ.

Победа како некогашен двоен шампион на Македонија и натаму тавори во Втората лига, и речиси без никакви шанси и оваа сезона да стори нешто повеќе.

Треба да се внимава на Детонит, тим кој ова лето имаше одличен преоден рок, кој може да биде уште подобар, тоа е тим кој важи за фаворит од сенка. Тука секако дека е и Беласица. Прашање е што може и Тетекс кој лани едвај се спаси од испаѓање во Трета лига.

Башкими, Новаци, Осогово се вратија во ВМФЛ, а овие две екипи заедно со останатите ќе се борат секој според своите можности за нешто повеќе во оваа лига.

Денеска Пелистер гостува во Струмица кај Беласица, ова е дербито на 1.коло, а Беса пак му оди на Осогово во Кочани.

ДВОЈКИ ЗА 1.КОЛО – ДЕНЕСКА (17 Ч)

БАШКИМИ – ОХРИД

ПОБЕДА – ТЕТЕКС

ОСОГОВО – БЕСА

БЕЛАСИЦА – ПЕЛИСТЕР

НОВАЦИ – АРСИМИ

САСА – СКОПЈЕ

ДЕТОНИТ – ВАРДАР (Н)

КОЖУВ – КАРАОРМАН

ПретходноСпектакуларна промоција: ПСЖ се пофали со Дембеле! (ВИДЕО)
СледноНајавено па потврдено: Коста Манев е нов “лав“! (ФОТО)