Арапите пристигнаа во Англија за да го договорат трансферот на Митровиќ

255

Српскиот напаѓач Александар Митровиќ (28), сепак, би можел да го напушти тимот на Фулам и да се преслеи во Саудиска Арабија, откако преставници на раководството на Ал Хилал денеска допатува во Лондон на завршни преговори  за 28-годишниот напаѓач.

Митровиќ одамна ги договори сите услови со Ал Хилал, според кои за три сезони ќе добива 75 милиони евра нето, но Фулам ги одби сите понуди кои стигнаа до 50 милиони евра. Богатите Арапи не се откажаа, па денеска решиле лично да дојдат во Лондон и да ја завршат работата. Тие се решени да завршат се што е можно поскоро, а на крајот Фулам може да исцеди сериозна сума за слободата на српскиот голгетер.

ПретходноИван Николов со гол-првенец во убедливиот триумф на Сондерјиске
СледноАрсенал со победа на „Емирати“ ја почна новата сезона во Премиер лигата (ВИДЕО)