Екипата на Реал Сосиедад на стартот на новата сезона во Примера не успеа да ја искористи предноста на домашниот терен, па денеска во рамките од првото коло одигра само 1:1 со екипата на Џирона.
Домаќинот тргна добро, и поведе со голот на Кубо уште во петтата минута, но таа предност се покажа како недоволна за победа.
Артем Довбјук, интернационалецот од Украина израмни на 1:1 во 72. минута, а иницијативата на домашните до крајот не вроди со плод.