Њукасл со „петарда“ ја испрати Астон Вила

71

Екипата на Њукасл стартуваше во Премиер лигата со убедлив триумф над Астон Вила од 5:1. Новото италијанско засилување Сандро Тонали го отвори резултатот со гол во 6. минута, а потоа следуваше изедначување со гол на Диаби во 11 минута. Потоа два гола на Александар Исак, во 16 и 58 минута за веќе висока предност на „страчките“.
Калум Вилсон во 77 минута зголеми на 4:1, а во финишот Харви Барнс ги постави конечните 5:1.
Ова е највисоката победа на Њукасл над Астон Вила после август 2010 година.

ПретходноОдбојкарите им се поклонија на 12-те ваташки младинци (ВИДЕО)
СледноРоналдо му го донесе на Ал Наср трофејот во арапската ЛШ! (видео)